Еве каква домаќинка е Сузана Турунџиева – ручекот и зимницата спремни, а си има и благичко (фото)
Познатата водителка ги насмеа следбениците со својата објава.
Сузана покажа што готви вистинска домаќинка.
Водителка, пејачка, писателка…
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
Ова се само дел од талентите кои ги поседува сузана Турунџиева.
Животот не ја мазел, но од секоја нејзина битка изгледа како победник досега.
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
Самата се грижи за двете свои ќерки, кои пораснаа во девојки на кои секоја мајка би се гордеела.
Максимално е посветена на сѐ што сака и токму затоа е и успешна во многу професии.
Сузана е голем уметник и одлично црта и со многу љубов изработува уметнички дела.
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
Имено, станува збор за персонализирани слики и изработки декорирани со камења за различни пригоди.
Каде и да оди собира мали каменчиња на кои подоцна црта.
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
Токму затоа и нејзиниот дом е преполн со каменчиња.
Ги чува во тегли, тенџерчиња, па дури и во кутии во кои имало бонбони.
Таа се пофали што подготвила за ручек и ги засмеа сите.
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
Го отвори тенџерчето и рече „ручекот се крчка“, а во него имаше само каменчиња.
Теглите со каменчиња се нејзината зимница и тоа не е сѐ.
„Има и нешто благичко“ рече Сузе и ја отвори кутијата за чоколади полна со каменчиња.