Еве каде Онур и Шехерзад ќе живеат со ќеркичката и двајцата синови – погледнете ја внатрешноста на нивниот топол и раскошен дом!

Онур и Шехерзад добија трето дете
Познатата турска актерка Бергузар Корел (39) која омажи пред 12 години за својот колега Халит Ергенч (51) и која од овој брак има два сина, се породи по трет пат.
Таа дозна дека повторно е во блажена состојба додека работеше на својот последен телевизиски проект и беше шокирана кога докторите и ја соопштија веста. Актерката заради бременоста мораше да го одложи снимањето на проектот.
Бергузар се породи во приватна болница, а како што пишуваат турските медиуми, мајката Бергузар и нејзината ќерка Леја се добри.
Познатиот актерски пар важи за еден од најинтересните во Турција, но и покрај големиот број фанови живеат мирен семеен живот.
Бергузар и Халит се запознаа во 2006 година на снимањето на популарната турска серија „Илјада и една ноќ“ каде глумеа љубовен пар, а потоа истата љубовна приказна ја започнаа и во вистинскиот живот.

Во брак ќе запловат во 2009 година, и по две машки деца, ќе добијат и девојче на кое му го дадоа името Лејла.

Бергузар неодамна преку Инстаграм сподели неколку видеа со кои покажа како изгледа едно типично утро во нејзиниот дом.

Од видеата и фотографиите што Шехерзад ги објави можевме да видиме дека нејзиниот дом е поприлично осветлен и во него преовладуваат пастелни нијанси и дрво кои зрачат со топлина. Во средниот дел од дневниот престој има голема витрина на која се изложени семејни фотографии и разно-разни ситници, а кујната е богата со најразлични апарати за домаќинство.

Од кујната може да се излезе директно во големиот двор каде парот ужива да го минува времето со своите деца, а имаат и домашни миленици – мачка и куче.
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
