Вирално

Еве каде живеат најсреќните луѓе на оваа планета (фото)

Advertisement

За сите овие места велат дека се рајот на земјата

Advertisement

Швеѓаните имаат навика на секои два часа додека работат, да прават пауза од 15 минути. Во тоа време тие ручаат, разговараат со пријателите или едноставно се шетаат. Затоа тие се едни од најсреќните луѓе на планетата.

Австралијците се среќни затоа што имаат навика да го поминат викендот во природа, најчесто правејќи скара со своите најблиски и пријатели.

Advertisement

За Нов Зеланд велат дека е земја во која „бегаат“ богаташите. Сите сакаат да бидат жители на оваа земја. И кој не би, со оглед на тоа дека Нов Зеланд е една од најчистите земји на светот. Нема поубава природа од нивната …

Холандија е земја на лалиња. Холанѓаните се меѓу најсреќните луѓе на планетата затоа што истовремено се грижат и за физичкото и менталното здравје. Каде и да одат, тие најчесто одат со велосипед, и тие се многу горди на најбезбедната велосипедска патека долга 30.000 километри.

Финска е земја на сауни и бањи. Поради ова, нејзините жители се многу релаксирани и опуштени луѓе.

Швајцарија е земја позната по најдоброто чоколадо на светот. Но, нејзините жители се меѓу највиталните луѓе на планетата, и тоа најмногу благодарение на големата љубов кон планинарењето.

Па, на кое од овие места би сакале најмногу да живеете?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button