Џенифер Анистон во февруари го прослави својот 50 роденден, а пред две години се разведе од својот втор сопруг Џастин Теру.
Сепак, најголемо внимание предизвика во 2005 година, кога се разведуваше од познатиот холивудски актер Бред Пит кој потоа се омажи со Анџелина Џоли со која доби шест деца. Од друга страна пак, Џенифер никогаш не стана мајка. Таа во една пригода за „Huffington Post“ зборуваше искрено и ја откри причината зошто никогаш не родила дете.
„Шпекулациите околу тоа дали сум бремена и кога ќе бидам навистина ме исцрпија. Секогаш кога ќе изедев сендвич би започнала расправа дали сум дебела или бремена. Нашето општество смета дека жената не е остварена ако не е мажена и ако не станала мајка“ изјави познатата актерка и додаде дека не родила досега бидејќи идејата за мајчинството со тек на време почнала многу да ја плаши.
Никогаш не ја исклучи оваа можност
Сепак, Џенифер никогаш не ја исклучи оваа можност. Таа уште во 2008 година, по разводот со Бред, отворено зборуваше дека ќе поработи сериозно на тоа да стане мајка и дека е уверена дека еден ден ќе има деца.
Но денес, откако поминаа 10 и повеќе години, таа се уште не се остварила како мајка и се уште одвреме-навреме низ медиумите кружат приказни дека е бремена. Па така и неодамна, по најавата дека купила огромна куќа на село, во вредност од 25 милиони долари како роденденски подарок, кога започнаа и гласините за наводното помирување со поранешен сопруг Бред Пит.
Но сега за сега овие гласини никој ги нема потврдено, а последните вести поврзани со неа се дека Џенифер Анистон одлучила да посвои тринаесет месечно девојче од сиропиталиште во Мексико.
Едно време се шпекулираше и дека во овој чекор од голема помош ќе и биде и Бред Пит, кој има искуство во тоа од претходниот брак со Анџелина Џоли, како и тоа дека Џенифер веќе некое време помага во две сиропиталишта во Мексико и при нејзината последна посета била воодушевена од девојчето, пренесува американскиот „Globe“.
Истиот извор наведува и дека Џенифер за овој чекор размислувала многу и разговарала со колешката Сандра Булок која исто така има посвоено дете.
Но и овие информации се уште не се потврдени.