Еве зошто Швајцарија е популарна туристичка дестинација – земја која се грижи за природното богатство, шумите и парковите
Националните паркови им се омилена дестинација на граѓаните на Швајцарија, кои обожуваат таму да ги поминуваат векендите. Сместени се близу градовите, на ридовите и опкружени со столетни шуми и се вистински рај за сите вљубеници во природата и животинскиот свет.
На прошетките во парковите и дружењето со животните најмногу им се радуваат најмладите. Влезот е бесплатен, а овие паркови со животни опремени се и со мали библиотеки, а книгите се сместени во сандачиња во близина на клупите поставени за одмор на туристите. На големата зелена површина освен ресторани има и игралишта со реквизити наменети за децата од најмала возраст.
Швајцарија со векови е позната како исклучително уредена држава, а еден од приоритетите на нејзините граѓани и унапредување на животната средина.
За значењето на заштитата на животната средина Швајцарците ги учат и своите деца. Близу градот Арау во кантонот Арга е сместен паркот Widpark Roggenhausen, a во кантонот Швиц паркот Arth Goldau.