Еве зошто Цеца е кралица на Балканот – никогаш не изгледала подобро, обожавателите во шок посебно од овој „детаљ“ на телото
Светлана Цеца Ражнатовиќ и покрај тоа што има премногу обврски, кога ќе се појави пред камерите секогаш е насмеана.
Така беше и овој пат кога на снимањето на последната епизода од најгледаното музичко шоу во регионот „Ѕвездите на Гранд“, се појави во прекрасно и моќно издание со кое пејачката и овој пат никого не остави рамнодушен.
Таа веднаш освои илјадници позитивни коментари и лајкови, а сите се согласни дека изгледаше одлично.
Имено, познатата пејачка за оваа пригода избра бели панталони и необична бела блуска со сечени ракави, а целото ова прекрасно издание го заокружи со црвен кармин кој блескаше на нејзиното убаво лице.
Инаку Цеца и само еден ден претходно никого не остави рамнодушен со својот моден избор.
Но за разлика од белото издание, овој пат во прашање беше тесен комплет во потемна нијанса, закопчан до грло и со еден детаљ со кој пејачката посебно привлече внимание. Имено, таа носеше тесни панталони и ролка што ја следеше линијата на нејзиното тело, со прорез на рамениците.
Цеца целото издание го заокружи со позлатени обетки со бисери и луксузна чанта од марката Шанел.
Но она што посебно ги воодушеви сите и овој пат беше тоа како изгледаше Цеца, овој пат гледано и од задната страна.
Бидејќи носеше тесни панталони, таа „вpeскаше“ од ceксапул, а фановите ја почестија со бројни комплименти.
Цеца и овој пат се појави со насмевка пред камерите и го „украде“ шоуто.
Носеше бело од галава до пети, а црвениот кармин никого не остави рамнодушен…
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
На социјалните мрежи многумина коментираа дека познатата пејачка никогаш не изгледала поубаво.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Цеца и во ова издание изгледаше шик…
Носеше и скапоцени модни додатоци, а посебно внимание привлече и со екстравагантните високи потпетици…
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд