Еве зошто целиот Балкан зборува за оваа убава Македонка – „гори“ интернетот по нејзиниот настап во „Ѕвездите на Гранд“
Милица Трајков од Кавадарци никого не остави рамнодушен со својот необичен стајлинг во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа настапи во дуел со Јована Вељковиќ, а на крајот резултатот беше 5-4 во корист на натпреварувачката од Македонија.
Но покрај својот одличен глас Милица ги воодушеви сите и со екстравагантниот комбинезон што го носеше. Креацијата е направена од полу-проѕирен материјал, така што Милица во преден план ги истакна своите атрибути, а целото издание го зачини со необичен шешир на кој висеше завеса од монистра, каков досега немаме видено во овој натпревар.
Милица, изгледаш прекрасно вечерва и тој костум е супер, феноменално. Оваа сцена такво нешто заслужува и првиот дел кога го имаше шеширот и сега, не знам што е поубаво. Нешто што не ми се допадна, ги прашав колегите на кој јазик пееш, не го разбрав македонскиот, го коментираше Вики Миљковиќ настапот на натпреварувачката од Македонија.
„Навистина беше неразбирливо, втората песна беше премногу агресивна, јас сум фајтер, но ти навистина се караше и изгледаше како да си нервозна“, додаде познатата пејачка по настапот на Милица.
Пофални зборови за нејзиниот изглед имаа истите останати претставници на жирито, од кои посебно се издвои коментарот на Цеца.
„Кај мене кај првата натпреварувачка пресуди перформансот, ти излезе на сцената, гледам дека ти е важно да испливаш од тоа јато и тоа треба да се награди, ти сакаше сите да не импресионираш. Што се однесува до Јована, ти навистина имаш убав глас“, им порача Цеца на кандидатките.
Од друга страна Марија Шерифовиќ која исто така го пофали нејзиниот сценски настап, имаше и позитивна критика.
„Јас на натпреварувачката број еден и дадов глас бидејќи пред себе гледам екстремно амбициозна девојка, на пеење мораш многу да работиш. Звучиш некаде како гласот се уште да не ти е зрел, како да треба да трчаш за сé да дојде на свое место. Број два, навистина ретко убава, бистра боја наглас, гласот навистина ти е убав“, го коментираше Марија пеењето на кандидатките.
Инаку, 18-годишната Милица и во претходните емисии со својот настап никого не остави рамнодушен во ова шоу.
Таа во слободното време се занимава со модерен балет така што и тогаш воопшто не и беше тешко да се погрижи за секој детаљ од својот настап, а кога по првата песна го соблече мантилот што го носеше тогаш, следуваше вистинко шоу што младата талентирана пејачка им го приреди на сите.
Како таа изгледаше на својот последен настап, но и во претходните кругови погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ МилицаРиззо
Фото: Инстаграм/ МилицаРиззо
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ МилицаРиззо
Извор: Гранд.онлајн, Гламур