Еве зошто таа е најс*кси баба на Балканот – и во ОСМАТА деценија се соблече и позираше во костим за капење
Пејачката изгледа одлично за свои години
Познатата пејачка Неда Украден и покрај тоа што ја „гази“ осмата деценија, се уште може да се пофали со одличен изглед и млад дух.
Тоа впрочем може да се види и од нејзините објави на социјалните мрежи, посебно кога ќе објави ваква фотографија.
Имено, Неда и ова лето позираше во костим за капење и покажа дека и на свои 74 години може да застане рамо до рамо со своите помлади колешки. Пејачката позираше во едноделен модел на костим за капење во сина боја со поприлично провокативно деколте, а целото издание дополнително го зачини со голем сламен шешир, тренди темни очила за сонце и како што самата потенцираше, без филтри.
Инстаграм/ Неда Украден
„Без филтри, без ефекти! Само сонце, море и планина. Најдобро ме слика мојата внука“, напиша Неда под фотографијата.
Инстаграм/ Неда Украден
Потсетуваме, Неда и пред неколку дена ги воодушеви сите кога позираше во костим за капење и покажа како ужива.
И покрај тоа што има 74 години се уште изгледа подобро од многу пејачки, а како што самата многу пати досега знаела гордо да истакне, на неа сé е природно и успеала да му одолее на трендот со пластичната хирургија за разлика од многу свои колешки.
Инстаграм/ Неда Украден
Пејачката во една пригода откри дека секое утро први вежби за тело и за дишење, и оваа навика ја има веќе со години.
Инстаграм/ Неда Украден
Не оди во теретана, туку вежба склекови и стомачни секое утро, каде и да се наоѓа, и тоа го прави околу петнаесетина минути.
Инстаграм/ Неда Украден
Таа внимава и на исхраната и најмногу ја сака медитеранската храна, а кога ќе претера, следниот ден внимава што ќе јаде.
„Се на мене е мое! Убавината е во нас, кога ќе го препознаеме тоа, стануваме задоволни од самите себе“, изјави во една пригода за медиумите познатата фолк-пејачка.