Еве зошто Спасен Силјаноски е еден и единствен во цела Македонија – и патриот и пејач во исто време
Пејачот направи невидена веселба во Италија, температурата ја крена до максимум
Пејачот ги развесели гостите
Познатиот фолк-пејач Спасен Силјаноски овој викенд настапи пред нашите иселеници од градот Пјаченца во Италија.
Како што самиот напиша на објавата што ја сподели, салата била преполна и заедно со своите колеги рушат рекорди.
И додека тој ги пееше своите бројни хитови како и најпознатите македонски песни, гостите се веселеа заедно со него.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Неговиот хит „Ќе ти дојдам вечер“ посебно ги воодушеви сите и ги крена гостите на нозе, па се направи големо оро.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Оние што беа на забавата се снимаа со мобилните телефони и бројни снимки испливаа на социјалните мрежи, а оние што Спасен ги објави на својот Инстаграм профил може убаво да се види како веселбата изгледаше од бината, додека пејачот даваше сé од себе да ги развесели гостите и да ги фрли во транс.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Инаку, Спасен неодамна во интервју за една наша телевизија зборуваше за една непријатна случка што му се случила на една македонска свадба.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Како што самиот истакна, бил изненаден кога младенците му дале список со песни на кои 90 % биле на српски јазик.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Единствен народ сме на планетата каде што на наши веселби се пее 90 % туѓа музика, вели тој во ова негово интервју.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Тој истакна дека нема проблем да испее некоја српска песна, но ако навистина е квалитетна и убава, а не некој шунд, како што е на пример песната од Теа Таировиќ која што му побарале да ја испее.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Што сé кажа Спасен во ова негово интервју и кој е неговиот став, погледнете на крајот од галеријата…