Реклама
Стил

Еве зошто сите зборуваат за Цаци од Сител – нашата водителка си блеска, никогаш не била поубава!

Привлекува внимание што и да облече, но овој пат со едно парче облека што сите го имаме во плакарите покажа грациозно издание за чиста десетка!

Реклама

Славица Арсова, една од нашите најпознати новинарки и водителки, често привлекува внимание и со своите модни комбинации.

Нејзиниот стил во последно време е сé поинтересен, посебно за вљуеничките во модата, а деновиве Цаци повторно покажа дека има беспрекорен моден вкус, но и неверојатна способност да комбинира различни стилови со софистицираност и елеганција.

Па така Славица неодамна во Брисел покажа беспрекорно дневно издание, кога за прошетка низ градот носеше широки фармерки, јакна без ракави, шарена блуска и спортски патики.

Маркетинг

Инстаграм/ Славица Арсова

И за разлика од тогаш, сега Славица можевме да ја видиме и во едно потполно поинакво издание, а во кое повторно блескаше.

Маркетинг

Инстаграм/ Славица Арсова

Овој пат убавата водителка на вестите на Сител заблеска во стајлинг со кој изгледаше како модна икона.

Инстаграм/ Славица Арсова

Имено, Славица на еден настан се појави во здолниште во беж нијанса кое го носеше со тесна, бела маичка.

Инстаграм/ Славица Арсова

Тесната маичка ја носеше ставена во здолништето, создавајќи совршена хармонија помеѓу елеганцијата и лежерноста, а целото издание го заокружи со минимална шминка и нејзината преубава „боб“ фризура.

И додека со ова издание Славица покажа отменост и елеганција, во продолжение погледнете уште едно опуштено издание на водителката.

Инстаграм/ Славица Арсова

Имено, Славица пред неколку недели помина викенд со сопругот покрај море, а за оваа пригода исто така носеше интересна комбинација.

Таа тогаш своите омилени фармерки ги комбинираше со тренди „оверсајз“ блуска во беж нијанса и спортски бели патики, детаљ од кој не се одвојува во последно време и кој го носи дури и во своите класични изданија. Но оваа аша шарманнтна дама со ова само покажува дека софистицираноста може да биде и удобна и шармантна во исто време, а дека тоа навистина е така убавата водителка го демонстрираше и неодамна кога класичниот црн костум го носеше со бели патики инспирирајќи многу дами и со ова свое издание.

Инстаграм/ Славица Арсова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button