Еве зошто сите зборуваат за ова издание на македонската Гранд ѕвезда – БЛЕСКАШЕ на сцената, а блеска и во приватниот живот
Пејачката Славица Ангелова (20) со својот талент ги остави сите без зборови во „Ѕвездите на Гранд“.
Шармантната струмичанка и со својот последен настап во шоуто целосно ги освои и жирито и публиката, и директно се пласираше во следниот круг.
Славица со својот неверојатен глас и емоциите со кои што блескаше на сцената освои максимален број гласови, а покрај нејзината феноменална изведба на песните таа го свои вниманието и со својот префинет изглед.
Имено, таа за оваа пригода избра полу-проѕирен бел фустан во кој изгледаше занесно и блескаше на сцената.
Таа и претходниот пат во шоуто никого не остави рамнодушен со својот префинет моден избор, откривајќи дека сака да експериментира со стиловите, но и дека знае како да го избере она вистинското за себе.
Така беше и овој пат кога се појави во занесната бела тоалета со долго здолниште кое од едната страна речиси целосно беше отворено заради длабокиот шлиц, додека горниот дел изгледаше како кошула, со широки ракави.
Фустанот е направен од прозрачен материјал, така што под горниот дел суптилно и се познаваше градникот, додека целото издание Славица го заокружи со елегантни сандали со ременчиња и тенки високи потпетици.
Како таа изгледаше во ова свое издание, но и во претходниот круг, погледнете во продолжение:
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд