Еве зошто сите зборуваат за ова издание на убавата Евгенија Марковска – поранешната манекенка никого не остави рамнодушен!
Каде и да се појави Евгенија Марковска ги освојува сите со својот природен шарм и одличниот стил што го има.
Така беше и овој пат кога во друштво на својот сопруг професорот доктор Вело Марковски заблеска на еден настан.
Поранешната манекенка за оваа пригода избра на прв поглед едноставно, но поприлично впечатливо издание.
Имено, таа овој пат избра црн фустан зачинет со романтична тантела и интересен детаљ на ракавите, а нејзините фанови веднаш забележаа дека госпоѓа Марковска во ова издание многу потсетува на Ким Кардашијан.
Таа едноставно блескаше во ова свое all-black издание, играјќи на сигурно, со фустан каков секоја дама треба да го има во плакарите.
Имено, малиот црн фустан е одличен избор за секоја прилика и според модните експерти со него не можете да погрешите.
Едноставно, кога не знаете што да облечете, изберете една ваква креација која ќе ве однесе во центарот на вниманието.
Тоа очигледно многу добро го знае и Марковска, која целото издание го заокружи со црвен кармин и црни високи потпетици, а доколку во некоја следна прилика би сакале и вие да заблескате, погледнете ги и следните фотографии и побарајте ја вистинската комбинација за вас.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Наши предлози за вашите плакари
Мали црни фустани
Frame
& Other Stories
Hill House
Simon Miller
Anthropologie
Eloquii
Deiji Studios
M.M. LaFleur
Everlane
Lulus