Кога ќе помислите кој од 12-те хороскопски знаци би можел да биде вистински мајстор за заведување и кршење срца, тој веднаш треба да ви падне на памет.
Тоа се темпераментите Лавови
Лавовите секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието, во друштвото се најгласни, а кога некој им се допаѓа, тоа го покажуваат повеќе од јасно. Тие се вистински заводници и вешти љубовници, па ретко кој може да одолее на нивниот шарм. Но, токму тоа може да биде проблем.
Имено, ако се многу посветени, заштитнички настроени и срдечни кога ќе се заљубат во некого, додека тоа не им се случи, Лавовите воглавно се вистински женкари и манипулатори кога е љубовта во прашање.
Им годи вниманието кое го добиваат кога некој ќе се заљуби во нив до уши, но тоа знае да им здодее, па си заминуваат без објаснување. Затоа, ако се впуштате во сериозна врска со личност родена во знакот на Лав, најдобро е да не ја посипувате со експлозија од емоции, туку да останете мистериозни и по малку да ги криете вашите емоции, сè додека не видите дека и таа е 100 процентно заљубена во вас.