Еве зошто оваа планина има посебно значење за Илина Арсова – ПОГЛЕДНЕТЕ како изгледаше кога беше на самиот врв
Храбрата алпинистка се потсети на еден од најубавите врвови кои ги искачила.
Илина Арсова е единствената Македонка која се искачи на највисокиот врв на Монт Еверест, а сега се потсети на уште едно место кое за неа е неверојатно значајно.
Илина се потсети кога пред 10 години го искачи врвот Ама Даблам на Хималаите, па се досега таа беше првата Македонка која успеала во тоа, но сега соопшти дека нејзината колешка Ирина ќе го направи истото.
-На врвот Ама Даблам, заедно со Илија Ристовски (Ноември 2011). Оваа планина е особено значајна за мене бидејќи ми отвори нови видици кон Хималаите и Монт Еверест. Истовремено е веројатно и најубавата која сум ја искачила.
Цели десет години, бев прва и единствена Македонка на овој врв. Среќна сум конечно да имам наследничка. Мојата драга@irinadisho е сега таму и наскоро ќе цели кон врвот, заедно со бајк легендата@lazominovski
Да им посакаме среќа.
Треперам од возбуда и постојано сум со вас. Ви посакувам сино небо и стабилно време. Чувајте се и уживајте во оваа неприкосновена убавина-напиша Илина.
Илина им прати поддршка на двајцата и посака среќа.
Инаку таа неодамна се врати од Еквадор каде совлада уште неколку врвови.
„Ова искуство беше огромно во однос на психолошката издржливост и надминување на стравот.“
„Во пет дена искачивме вкупно 44 насоки со тежина од V до 6ц+ (кратки, долги и обид за традиционално) … + 9 насоки во сала, првиот ден кога врнеше“.
„Ме: I think I need a rest day?“
А Оси ми вели: зарем и ти знаеш да се умориш? Прв пат те слушам да побараш одмор – напиша Илина на Инстаграм.
Илина не знае да мирува па напорно тренира, а се чини дека тоа се исплати.
Таа пред неколку дена објави снимка од тренинг, а на она што го правеше може да и позавидат многу мажи.
Без никаков напор се искачи по ѕидот кој по него имаше само тенки штици без никаква тешкотија и покажа дека е во топ форма.