Македонско девојче!
Кристина Димитриевска направи сет фотографии на кои позира во божествен фустан во смарагдно зелена боја.
Нејзината креација, односно начин на позирање веднаш не потсети на славниот црн фустан со прорез за нозе со кој познатата холивудска актерка Анџелина Џоли се појави на Оскарите во 2012 година.
Но мораме да забележиме дека поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски во вакво издание изгледа мнооогу подобро.
Ова не е прв пат таа да не воодушеви со своите фустани, но ова дефинитивно е едно од нејзините најдобри изданија.
Тоа дека на фановите и пријателите на Кристина им се допадна ова издание кажуваат и бројните срциња што таа ги доби во коментарите на сметка на својот изглед.
Како изгледаше Анџелина Џоли во слично издание, погледнете во продолжение:
Грациозната зелена креација, со долги ракави и прорез на едната нога и стои феноменално на Кристина. Фустанот е со затворено деколте, така што нејзините нозе беа во преден план, а целото издание убавата манекенка дополнително го подигна со својата преубава шминка и фризура.
Инаку, смарагдно зелените нијанси се популарни веќе неколку сезони и можете да ги сретнете на полиците речиси во секој бутик. Во прашање е боја која им е омилена и на многу познати дами, од Бијонсе до Меланија Трамп, а доколку се уште не сте ја пробале оваа нијанса, можеби токму сега е вистинскиот момент тоа да го направите.
Ако сакате да го усвоите овој тренд, но не можете да се замислите во оваа кралска смарагдна нијанса од глава до пети, тогаш започнете со мали чекори и бирајте детали – оваа боја совршено ќе изгледа и на чанта, чевли или пак изберете само здолниште или блуза во оваа шик нијанса.
ALICE + OLIVIA
Во продолжение погледнете и неколку наши предлози во бојата на која ниту една дама не може да и одолее…
CHRISTIAN LOUBOUTIN
ERES
GIANVITO ROSSI
GOLDEN GOOSE
MALONE SOULIERS
MONSE
Zara
Zara
Zara