Некогаш беа израз на невкус и кич, а денес сите ги носат
Antonio Grimaldi
Љубителките на минимализмот не се баш пресреќни од трендовите со карнери, а главна причина за тоа е што ги поврзуваат со облеката од 80-тите која изгледаше потполно кич без разлика што можевме да ги сретнеме речиси на секое парче облека. Но за разлика од тогаш карнерите денес и покрај тоа што повторно се присутни насекаде, повеќе не се сметаат за израз на моден невкус. Тоа особено можевме да го видиме од колекциите на холандските дизајнери Ван Херпен и Виктор и Ролф за есен/зима 2018 кои беа инспирирани од кинетичките скулптури на Арт Базел (продажна изложба на современи уметнички дела). Резултатот е волуменизирани креации во кои доминираат необичните карнери – тие се направени од крути материјали и изгледаат како да се скаменети, а фустаните зачинети со нив како вистински скулптури.
Alberta Ferretti
Па, ако сакате да изгледате како подвижно уметничко дело, ова е тренд за вас …