Пред три години левата рака на Петра Квитова, по нападот на крадец вооружен со ножм изгледаше вака. Ножот и ги фати нервите на двата прста на раката со која го држи рекетот и лекарите прогнозираа дека повеќе не ќе можат да ги мрда, што значеше и да не игра тенис.
Но, таа одигра фантастично финале на „Австралија Опен“.
„Тешко ми е повредена левата рака, во обид да самоодбрана. Потресена сум, но и среќна што преживеав, воопшто.” напиша Петра Квитова пред три години на Твитер. Познатата чешка тенисерка, двоен победник на Вимблдон, беше нападната и тешко повредена од крадецот.
Операција за спасување на нејзините нерви, прстите и кариерата траеше четири часа. И докторите на крај успеаја да и ги спасат прстите.
Квитова на тенисот му врати по пет месеци, но двојната победничка на Гренд Слемот никако по враќањето не можеше да стигне подалеку од четврт-финалето на еден од четирите големи турнири. И тоа беше така се’ до сега, кога дојде до финалето на Австралија опен.
"We didn't even know if I would be able to hold the racquet again."@Petra_Kvitova's comeback story is one in a million 🌟#AusOpen pic.twitter.com/XLz2tc703i
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 26, 2019
На патот до финалето победи шест натпреварувачки и на ниту една не и даде ниту еден сет.
Натпреварот за трофејот, но и за светскиот Број 1, беше еден од најдраматичните натпревари во историјата на овој турнир. Наоми Осака ја победи Петра Квитова и тоа во фантастичното финале.
Квитова овој меч го нарече најголем успех во својата долга кариера, а по натпреварот доби гласни овации и од седум години помладата победничка.
https://www.instagram.com/p/BkSyBSYgMAb/
„Сакав да победам и да го освојам трофекот. Но мислам дека веќе победив. Кога му се вратив на тенисот пред две години. За мене тоа е чудесен потфат. Бидејќи не бев сигурна дали воопшто ќе можам да го држам рекетот“, зборуваше Квитова со солзи на очите.
Па, секоја чест за Осака, но и за Квитова бидејќи овој Гренд Слем има две победнички.