Еве зошто никој не можеше да го тргне погледот од РУСОКОСАТА СКОПЈАНКА што е хит на Инстаграм
Познатата инфлуенсерка ја откри тајната зошто некои жени тешко можете да ги доведете во лошо расположение
Згодната русокоса ги воодушеви сите
Познатата скопска инфлуенсерка, Агнеса Органџиева, очигледно ужива во тоа да ги воодушевува своите фанови со фотографиите што речиси секојдневно ги објавува на социјалните мрежи.
Таа овој пат позираше во фустан во бела боја во кој изгледаше неодоливо, а цело време ја имаше својата занесна насмевка на лицето.
Во прашање е креација зачинета со раскошна тантела и корсет во горниот дел во кој Агнеса беше – никогаш позгодна!
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Таа за оваа пригода избра фустан што ја следи линијата на телото, па свесна за својот изглед занесно позираше.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
И додека фустанот ги оцртуваше убавите линии на нејзиното тело, таа целото издание го заокружи со бисери и високи потпетици.
„Жените облечени во светли тонови е тешко да ги доведете во лошо расположение. Чипка – најубава имитација на фантазијата на природата. А бисерите се секогаш добредојдени“ напиша Агнеса под фотографиите на Инстаграм споделувајќи го цитатот од легендарната модна икона Коко Шанел.