Еве зошто не треба да се плашите од коронавирусот: До зараза не може да дојде толку лесно!
Корона вирусот, кој досега зарази над 100.000 луѓе и однесе над 3.500 животи, е голем предизвик не само во здравствена смисла, туку и во политичка и во економска.
Вирусот се шири и поради фактот дека технологиите и индустријата се развиваат, па денеска патуваањата од континент на континент се значително лесни и побрзи од било кога.
Меѓутоа, токму поради развојот на технологијата, светот никогаш претходно немал подобри алати за да се бори со глобалната епидемија.
Еве неколку причини и објаснувања зошто не треба да се паничи поради коронавирусот.
Знаеме што е
Инјасио Лопес Гоњи, шпански професор по микробиологија ивирологија напиша статија за”The Conversation” во која вели дека вирусот кој предизвикува сериозно воспаление на белитедробови во Вухан е идентификуван за само седум дена откако официјално е објавена епидемијата на 31. декември во тој град, само три дена подоцна се објавени секвенците на геномот.
За споредба, вирусот ХИВ е идентификуван дури две години откако се појави во 1981 година. Знаеме и дека вирусот е природен, дека е поврзан со сличните коронавируси кои можат да се најдат кај лилјаците и дека може да мутира, но тоа не го прави често, пишува „Гардијан“.
Може да се тестираме од него
До 13 јануари – три дена откако е објавена секвенцата на геномот – достапен е и сигурен тст кој научниците во одделението за вирологија на берлинската универзитетска болница го развија со помош на експерти од Ротердам, Лондон и Хонг Конг.
Знаеме како да го скротиме (но тоа има значајна цена)
Изгледа дека кинеските драконски мерки за заштита се покажаа ефикасни. Во петокот во Кина се забележани 99 нови случаи, најниска цифра за шест недели. Во неколку кинески провинции немаше нови случаи веќе една недела, а некаде и повторно се отвораат училиштата. Во многу земји инфекциите се во дефинирани кластери, што би требало да овозможи полесно совладување на епидемиите.
Не можеме лесно да се заразиме (ако сме внимателни) и можеме да го убиеме (ако се обидеме)
Често и внимателно миење на раце, како што сите знаеме е најефикасен начин да се запре пренесувањето на вирусот, додека раствор на етанол, хидроген пероксид или белило дезинфицира површини.
Висок ризик од зараза имаат оние кои живеат или имаат директен физички контакт со некој заразен, на кои некој им кашла или кива во лице (или ако дојдат во контакт со користено марамче) или ако бидат лице в лице во контакт со заразено лице на помала оддалеченост од два метри, подолго од 15 минути. Значи не може да се заразите ако само поминете покрај некој заразен на улица.
Во повеќето случаи симптомите се благи и младите луѓе имаат помал ризик од зараза
Според истражувањата на 45.000 потврдени инфекции во Кина, 81 % од случаите вирусот предизвикал блага болест, 14% пациенти имаат симптоми кои се опишани како „тешки“, а само 5% се сметаат за „критични“, при што половина од нив резултирала со смрт. Само 3% случаи се однесува на луѓе помлади од 20 години, децатаизгледа се едвај погодени од вирусот, а стапката на смртност за помладите од 40 години изнесува околу 2%.
Стапката на смртност расте кај постарите од 65 години и достигнува речиси 15% кај старите од80 години, посебно оние кои имале срцеви или белодробни заболувања.
Постојат прототипови на вакцини
Комерцијалните фармацевтски и биотехнолошки лаборатории како „Модерна“, „Иновио“, „Санофи“ и „Новавак“,како и академските групи како оние на Универзитетот во Квинсленд во Австралија – од кои повеќето веќе работеле на вакцини за слични вируси поврзани со САРС – имаат прототипови на превентивни вакцини во развој, од кои некои наскоро ќе бидат подготвени за тестирање врз луѓето (иако за нивната ефикасност и безбедност треба време да се утврди).
Десетина третмани веќе се тестираат
До средината на февруари, во тек се повеќеод 80 клинички испитувања за антивирусно лекување, според магазинот „Нејчр“, а повеќето веќе успешно се користат во лечењето на други болести. Лековите како ремдесивири (ебола, САРС), хлороквин (маларија), лопинавир и ритонавир (ХИВ) и барицитиниб (ревматоиден полиартритис) се тестираат врз пациенти кои се заразиле од коронавирус, а во некои од случаите лечување се применува и со помош на вештача интелигенција.