Реклама
Наши ѕвезди

Еве зошто многу Македонци стравуваат да не останат БЕЗ РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА – и кај нас кризата во овој сектор е сé поголема!

Реклама

Речиси да нема градежно претпријатие кое не се жали на наглиот пораст на цените на материјалите

Фото: Илустрација

Во Германија се повеќе е присутен недостатокот од суровини во градежната индустрија, што работодавачите ги доведува до ситуација да се плашат да договорат нови зделки. Од друга страна ваквите yдари со кои се соочуваат во градежништвото не се однесуваат само на тоа што недостасува средства за работа, туку и на суровините кои поскапуваат, но и проблемите со работата и работните места.

Претставниците на градежниот сектор во Германија ги очекуваат нови сериозни проблеми во периодот што претстои.

Маркетинг

Градежништвото во Германија притоа веќе со децении наназад е една од подобро стоечките гранки.

Фото: Илустрација

Платите отсекогаш се движеле далеку од просекот, работа имало и повеќе од што имале работници, заради што веќе со години наназад се зголемува и бројот на работници што во Германија доаѓаат од Балканот, па и од Македонија. Но сега ситуацијата драстично се менува, многу градежни проекти се одложуваат, од што не се поштедени и големиот број Македонци кои живеат во оваа земја, а кои веќе со години работат во градежништвото.

Маркетинг
Фото: Илустрација
Фото: Илустрација

Германците сега се двоумат дури и околу ветувањата на владата која најави 400.000 нои станови годишно за да го намали притисокот на пазарот со недвижнини, објавија германските медиуми, а пренесе „Пословни дневник“. Според претставниците на градежната индустрија ветувањето на новата социјалдемократско-зелено-либерална влада за оваа бројка на нови станови годишно е под голем прашалник, посебно откако на пазарот се разви нова бура во која најголем фактор претставува недостатокот на градежни материјали, Вели Аксел Гедешко директорот на Германскиот сојуз за изградба на станови, пренесуваат германските медиуми.

Фото: Илустрација

Во следната година мораме да водиме грижа за се’ поголемите потешкотии во градежниот сектор што е последица од застојот заради пандемијата, недостатокот на материјали и новите движење предизвикани со војната во Украина, изјави Ханс Мајер, директорот на Сојузот на баварски градители на станови.

Според едно испитување на водечкото здружение во германското градежништво, до 90 отсто од градежните фирми се жалат на наглиот пораст на цените на материјалите, а 80 отсто на недостаток на градежен материјал.

Фото: Илустрација

Од овие причини, тие не се осмелуваат да склопат нови работи заради непредвидениот раст на цените. И бидејќи цените на објектите се договараат пред почетокот на работата, многумина, според ова испитување, стравуваат од сериозни финансиски проблеми.

Фото: Илустрација

И македонските градежници се соочуваат со истите проблеми

Инаку, проблемот со недостаток на материјал не ја погодува само Германија, туку и останатите земји. Со истиот проблем се соочуваат и нашите градежници, каде покрај челичните и железните елементи, недостасуваат и останатите материјали кои се неопходни во градежништвото.

Фото: Илустрација

Посебно голем проблем имаат оние македонски градежници кои веќе ги продале становите, за одредена цена, а сега заради новото поскапување на материјалите, изградбата им излегува многу поскапо од предвиденото.

Фото: Илустрација

Тие не го предвиделе поскапувањето во оформувањето на цената, па сега со новонастанатата ситуација некои од нив се во сериозна загуба.

Од друга страна тие се соочуваат и со се поголем недостиг на работна сила, посебно откако голем број работници од овој сектор во изминативе неколку години заминаа да работат во некоја друга земја.

Токму заради овие причини и цената на становите во Скопје драстично порасна во последно време, но се очекува истата да се стабилизира во текот на следните неколку месеци, по завршување на кризата.

БОНУС ГАЛЕРИЈА

Фото Кристина Медекс, Боред панда, Инстаграм

Германија низ фокусот на една жена што неколку месеци живее во оваа земја

Извор: Блиц.рс, Ало.рс, Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button