Еве зошто македонската Гранд ѕвезда ја прогласија за двојничка на Ким Кардашијан – целиот Балкан беше воодушевен од неа
Поранешната учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Марија Груевска, важи за пејачка со најдобра „позадина“.
Оваа титула таа неодамна ја доби и од официјалниот портал на „Гранд“ продукција (Гранд.онлајн), кои Марија ја опишуваат како македонската Ким Кардашијан.
Таа и додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ привлекуваше внимание со своето тело за кое Јелена Карлеуша во една пригода и порача дека треба да се гордее со него, бидејќи навистина потсетува на светски познатата ријалити ѕвезда и дека многу жени можат само да и завидуваат.
Груевска и на својот профил на Инстаграм редовно привлекува внимание благодарение на својот секси изглед.
И како што забележа „Гранд.онлајн“, таа тоа го прави и кога е закопчана до грло, а не само во своите провокативни костуми.
Тоа можевме да го видиме и кога таа позираше свртена со грбот, истакнувајќи ја во преден план својата позадина.
Со овој потег пејачката предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи и никого не остави рамнодушен.
Таа на сметка на својот физички изглед доби голем број комплименти и од припадничките на понежниот пол.
Потсетуваме, Марија неодамна го изговори своето судбоносно „да“ кога на вечна љубов му се заколна на своето момче Синиша.
Тие направија голема свадба за која се уште се зборува и на која беа голем број нејзини колеги од „Ѕвездите на Гранд“.
Како таа изгледаше и како невеста, но и во костими за капење додека уживаше на медениот месец, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска