Реклама
Холивуд

Еве зошто Кејт Мидлтон веројатно ќе роди ново бебе во 2020 година

Реклама

Војвотката од Кембриџ, и покрај тоа што веќе има три деца – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, се уште има голема желба за проширување на семејството. И тоа најверојатно ќе се случи следната година.

Според извор близок до кралското семејство Кејт сака да има уште едно бебе и тоа поради посебната врска што ја забележува помеѓу Џорџ и Шарлот. Изворот во интервју за „New Idea“ тврди дека војвотката од Кембриџ се надева дека ќе имаат уште една девојка која може да биде подеднакво поврзана со Луис, како што се поврзани и Џорџ и Шарлот.

Маркетинг

„Кејт смета дека би било убаво ако Луис има сестра која е поблиску до неговата возраст, а и инаку Кејт ги прави работите на свој начин. Но, Вилијам секогаш ја поддржуваше и ќе направи сé што ја прави да биде среќна. Тоа е ветувањето што и го даде пред бракот, па сигурно ќе се согласи и на четврто дете, иако и сега се жалат на непреспиени ноќи”, тврди неименуваниот извор.

Тој меѓу другото додаде и дека Вилијам и Кејт отсекогаш сакале големо семејство, и, наводно, војвотката планира да забремени до крајот на оваа година.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button