Намерно или не, со нејзиното однесување потсетува на легендарната принцеза и мајка на нејзиниот сопруг, Лејди Дајана.
За разлика од Меган Маркл, Кејт Мидлтон во Британија веќе со години ја нарекуваат „штедливата војвотка“.
Овој прекар го доби најмногу затоа што не ретко можеме да ја видиме во облека што веќе ја има носено, но сега ваквото име го оправда и на еден потполно поинаков начин.
Имено, Кејт на својот последен официјален настан на кој присуствуваше пристигна со јавен превоз, односно со воз. Таа беше фотографирана како излегува од железничката станица во Норфолк каде присуствуваше на отворањето на детската болница „The Nook“. Убавата војвотка за оваа пригода носеше впечатлив комплет во виолетова нијанса со потписот на модната куќа „Oscar de la Renta“, па едноставно беше невозможно да не ја забележите во толпата.
Brief glimpse of HRH Duchess of Cambridge arriving at @greateranglia #Norwich today pic.twitter.com/8QWX2Fw5jm
— Wherry Lines (@WherryLines) November 15, 2019
Но овој комплет во виолетова нијанса која и стои преубаво таа го има носено неколку пати и претходно.
Имено, таа се прошета во него и во јануари оваа година, но и пред неколку години, и секогаш го носеше со црни хулахопки и високи потпетици во иста боја како и сега.
Еве како изгледаше: