Еве зошто „келнерот од Белгија“ сите го сакаат – Мики Секуловски во своето најдобро издание (видео)
Овие двајца Македонци направија лом во „Ѕвездите на Гранд“, за нивните настапи се уште се зборува
Настапите на Мики Секуловски во „Ѕвездите на Гранд“ имаат бројни прегледи, а еден од нив e меѓу најгледаните дуели во шоуто.
Станува збор за дуелот помеѓу Мики и младиот пејач Инел Нукиќ, кога едниот од нив пееше рок, а другиот народни песни.
Па така додека Инел пееше песни од Шабан Шаулиќ и Шериф Коњевиќ, Мики настапи со „Бјело Дугме“ и Дадо Топиќ.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Тогаш Ѓорѓе Давид изјави дека досега никој не се осмелил да ја испее песната на Дадо Топиќ што Мики ја избрал за овој настап и дека уживал до небо во неговиот перформанс, додека Снежана Ѓуришиќ која беше единствената од жирито што гласаше за Инел му порача дека бил одличен, но немал среќа што настапувал со Мики.
„Мики, немаш конкуренција, најдобар си“, „Овој човек толку има харизма, а и сé останато Господ му дал“, „Мики, ти си нашиот Елвис Присли“, се само некои од коментарите што се уште стојат под ова видео.
Покрај овој дуел на Мики со младиот Инел, поприлично е гледан и дуелот на велешанецот со Омар Џаферовски.
Омар тогаш беше дури и подобар од Мики, по што Секуловски мораше да оди во бараж, но успеа да го продолжи шоуто.
Од друга страна, Омар во еден од следните кругови немаше среќа, па буквално заради ждрепка го напушти натпреварот.
Тоа се случи непосредно пред финалето, а како звучеше и овој дуел на овие наши генијални пејачи, потсетете се во продолжение…
Погледнете уште еден од неговите најдобри настапи во „Ѕвездите на Гранд“ кога буквално им го украде шоуто на сите…
А еве како звучеше и песната Македонија во негова изведба…