Еве зошто за оваа убава струмичанка зборува целиот Балкан – ја СПОРЕДУВАТ со Џејла, ги освои сите во „Ѕвездите на Гранд“
Пред три години истото го направи и во Бугарија
Славица на сцената се појави во интересна црна креација и со својот раскошен глас освои неверојатни осум гласа…
Не стивнуваат реакциите по генијалниот настап на струмичанката Славица Ангелова во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа во саботата ги освои сите кога со својот раскошен глас запеа на грандиозната сцена, а на социјалните мрежи многумина уште сега коментираат дека е потенцијален кандидат за влез во финалето.
На сцената се појави во интересна црн креација и со својот раскошен глас освои неверојатни осум гласа.
Саша Поповиќ беше воодушевен од неа, како и сите останати членови на жирито, а Ѓорѓе Давид беше пресреќен што токму него го избра за ментор. Како што самата Ангела изјави, таа се двоумеше помеѓу него и Марија Шерифовиќ, но на крај сепак реши да биде дел од тимот на познатиот рокер.
Тој не го криеше воодушевувањето од неа, а ја спореди со Џејла Рамовиќ која исто така ги освои сите уште со првиот свој настап.
Инаку, на шармантната струмичанка ова не и е прв пат да се појави во шоу од еден ваков формат. Таа се има натпреварувано и во „Некои нови клинци“, како и во бугарското шоу „The Voice“, каде исто така доминираше со својот глас и со својата изведба го крена целото студио на нозе.
Како Славица изгледаше и тогаш, на нејзини 17 години, погледнете во продолжение:
Погледнете ја Славица и на нејзиниот настап во Гранд…
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд