Реклама
Стил

Еве зошто вчера сите гледаа во македонската Прва дама – погледнете го новото издание за кое сите зборуваат

Првата дама на Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, заблеска во своето ново „бургунди“ издание

Реклама

Уште едно шик издание на нашата Прва дама

Првата дама на Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, заедно со сопругот, претседателот Стево Пендаровски, беа гости на големиот јубилеј – 65 години од основањето на ЈЗУ Специјална болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје. Тие на настанот се појавија заедно, а најмногу внимание и овој пат привлече елегантното издание на нашата прва дама.

Имено, додека претседателот носеше костум во сина боја, неговата понежна половина блесна во преубав бордо фустан.

Маркетинг

Секогаш во чекор со трендовите и во согласност со приликата и функцијата што ја извршува, нашата прва дама и овој пат брилираше.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Впрочем тоа може да се види и во коментарите што ги добива кои секогаш изобилуваат со комплименти на сметка на нејзиниот изглед.

Така беше и овој пат кога целосното издание на нашата Прва дама беше полн погодок и ги воодушеви сите.

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Многумина се согласни дека оваа нијанса на вино совршено и стои и прави посебна магија со нејзината кафеава коса.

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Во прашање е бордо фустан со должина нешто под колената, со долги ракави и голема панделка која се врзува околу вратот.

Бети овој фустан го носеше во комбинација со тенко ременче и чанта во малку потемна нијанса, а целото издание го заокружи со елегантни чевли со високи потпетици во иста боја како и фустанот.

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Првата дама и овој пат остави силен впечаток како меѓу гостите на самиот настан, така и со фотографиите на социјалните мрежи, каде многумина отворено коментираа дека знае како да го истакне својот природен шарм на вистински начин. И тоа секогаш го прави сведено, без претерување, елегантно и дамски, без пренагласени детали и најчесто со едноставна шминка која совршено и стои.

RALPH LAUREN COLLECTION

Во продолжение погледнете уште неколку фустани во ова нијанса кои се совршен избор да заблескате и вие оваа есен.

RALPH LAUREN COLLECTION

CHRISTOPHER ESBER

SALONI

RALPH LAUREN COLLECTION

ANN DEMEULEMEESTER
Фото: Нет-а-портер

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button