Холивуд

Еве зошто бремената Меган Маркл никогаш НЕ носи фустани од нејзината пријателка Викторија Бекам

Advertisement

Војвотката откри зошто не носи креации од Викторија

Advertisement

Брендот на Викторија Бекам им е омилен на бројни ѕвезди како Бијонсе, Гвинет Палтроу и Камерон Дијаз. Но славна дама која никогаш нема да ја видиме во фустани со потписот на Викторија е војвотката од Сасекс, Меган Маркл. Таа во интервју за еден познат магазин изјави дека фустаните од брендот на познатата британска дизајнерка се предолги за нејзиното тело, односно за нејзиното торзо.

„Многу ми се допаѓаат фустаните на Викторија Бекам, но немам доволно долго торзо па не ми стојат баш најдобро“, изјави Меган и додаде дека секогаш внимателно избира што ќе носи бидејќи како и на секоја жена, често и се случува нешто што изгледало прекрасно додека е на закачалката едноставно да не стои добро кога ќе го облече на нејзиното тело.

Advertisement

https://www.instagram.com/p/BldMGXalPVq/

Очигледно дека познатата дизајнерка тоа не го смета за навреда бидејќи се Бекамови се добри пријатели со принцот Хари и Меган, а беа и гости на нивната венчавка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button