Познатата холивудска актерка, Анџелина Џоли, заблеска во кампањата на новиот мирис „Mon Guerlain Intense“ од „Guerlain“.
Познатата актерка во спотот изгледа занесно и неодоливо, а во него можеме да ги видиме и сите нејзини тетоважи што го красат нејзиното тело.
Во кревет со сатенска постела со само неколку капки на себе се најде 44 годишната Анџелина Џоли која е заштитно лице на целата кампања, а со ова издание ги остави сите без здив. Режисерот кој е добитник и на Оскар, Емануел Лубезки, очигледно бил инспириран од познатата реченица на Мерилин Монро која своевремено изјави дека во креветот носи само неколку капки Шанел, а една од најпознатите холивудски актерки со само неколку капки на себе, и нејзиното неодоливо тело, покажа зошто се уште важи за една од најубавите жени на светот.
И бидејќи има многу малку шминка, нејзината природна убавина е во преден план, како и нејзините тетоважи кои се нејзиниот заштитен знак.
Целиот спот за кампањата е снимен во опкружување кое очигледно нејзе и одговара најмногу – во нејзиниот дом во егзотичната Камбоџа.