Еве зошто Антонија Гиговска е новото чудо од Македонија што наскоро ќе прави лом на Балканот
Младата скопјанка повторно ги воодушеви сите
Пејачката Антониjа Гиговска на музичкиот натпревар „Пинк ѕвездички“ во престолнината на нашиот северен сосед настапи со еден од најголемите хитови на Ријана. Во прашање е песната „Where have you been“ која Антонија ја отпеа на генијален начин и ги воодушеви сите.
Претставниците на жирито и публиката почнаа да и аплаудираат уште на првите стихови, а Милан Станковиќ нашата млада пејачка ја нарече „чудо од Македонија која наскоро ќе почне да прави лом низ Балканот“.
https://www.youtube.com/watch?v=XMl3EBiqPqA
„Овој квалитет, ова божествено суштество го заслужува тоа“, ја пофали тој, а Кија Коцкар порача дека е подобра и од Ријана. „Баш ми е драго што избра брза песна. Сега те имаме и каде ја ‘јадеш’ и Ријана и секоја чест за тоа“, изјави таа.
Инаку, Антонија, со својот брилијантен глас и на претходниот настап ја воодушеви публиката. Нејзиното видео тогаш за само еден ден беше прегледано повеќе од 100.000 пати. Таа ја изведе познатата балада „Writing’s On The Wall“ од познатиот пејач Сем Смит, а на крајот од песната не можеше да го контролира своите емоции, па и се насолзија очите.
https://www.youtube.com/watch?v=0P0u1hhs4Mc
Претходно настапи и со македонската народна песна „Ако згрешам нека изгорам“ и повторно ги остави сите без зборови. Песната има речиси 1 милион прегледи.