Еве заради кого раскина најпознатата турска двојка – ТУРЦИТЕ РАЗОЧАРАНИ, а Бред Пит затрескан во фаталната дама?!
Познатиот пар раскина заради новото момче на актерката?
Ханде Ерчел (28) и Керем Бурсин (34), ѕвездите од серијата „Немирно лето“ долго време ја криеја романсата, а потоа, по само неколку месеци откако ја обелоденија врската, ненадејно заврши и нивната голема љубов.
По овие вести фановите останаа разочарани, Керем замина во странство, за да раоти на нови проекти, а Ханде заплови во нова романса.
Имено, вестите дека ѕвездите од популарната серија каде беа познати како Еда и Серкан се разделиле се проширија уште по Нова Година. Сега турските медиуми јавуваа дека главен виновник за нивната разделба наводно било новото момче на шармантната актерка. Во прашање е нејзиниот колега Кан Џилдирим заради кој актерката што ја засакавме како Еда Џилдиз му раскина на многумина омилениот лик Серкан Болат (името на ликот од серијата).
Инаку, серијата со која Ханде и нејзиното поранешно момче се прославија беше продадена во 45 земји.
И како што тоа обично се случува, јавноста се интересираше и за природата на односот на своите омилени актери во приватниот живот. Медиумите набргу почнаа да пишуваат дека Еда и Серкен, како што се викаа ликовите што актерите ги толкуваа во популарната серија, и во приватниот живот се во емотивна врска, како и дека убавата Ханде ја раскинала врската со долгогодишниот партнер токму заради својот нов колега од серијата.
Ханде тогаш раскина со Мурат Далкулич, а како причина нејзините пријатели во медиумите ја споменуваа токму љубомората на Мурат, најмн0гу заради хемијата што на сетот се чувствувала помеѓу неа и Керем.
Нивниот однос стана најсомнителен која тие почнаа да се гледаат и надвор од снимањата и да одат на долги прошетки.
Инаку, ова не е прв пат јавноста да се интересира за емотивниот живот на познатата турска актерка. Медиумите токму неа ја наведоа како причина заради која нејзиното претходно момче, Мурат Далкулич, се развел од својата сопруга, Мерве Болугур, актерката што ја глумеше султанката Нурбано во „Сулејман Величествениот“. Ханде наводно ја искористила нивната криза во бракот и започнала врска со десет години постариот колега.
И Бред Пит се затрескал во неа?
Инаку, Ханде која кариерата ја започна како модел, неодамна се најде во центарот на вниманието и кога странските медиуми ја споија со познатиот холивудски шмекер Бред Пит. Наводно, за неа пишуваа дека поранешниот сопруг на Анџелина Џоли не можел да и одолее: Наводно откако ја видел како глуми се воодушевил од неа и од тогаш често го посетувал нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
„Доста му е од жените во Холивуд, се обидува да дојде до Ханде, но не сака да го направи тоа преку социјалните мрежи бидејќи така не се чувствува безбеден“.
Наводно до Ханде стигнала непотврдена информацијата дека Бред е маѓепсан од нејзиниот шарм и тоа навистина и годи. Кога имала 16 години била вљубена во него и сега не може да поверува дека ја забележал.
„Сигурен сум дека ќе отидат на заедничка вечера“, изјави тогаш извор за странските медиуми.
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел
Фото: Инстаграм/ Ханде Ерчел