Еве во кого беше вљубена Каролина Гочева пред да го сретне Михаил – малкумина се сеќаваат на овој детаљ од нејзиниот живот!
Таа е една од најпознатите пејачки, а за нејзиниот приватен живот се уште се знае многу малце
Каролина Гочева и денес изгледа како и на самиот почеток од својата кариера иако веќе гази во петтата деценија.
Каролина важи за една од најпознатите пејачки и тоа не само во Македонија, туку и на просторите од поранешна Југославија.
Во минатото медиумите многу пати ја поврзуваа со познати момчиња, но пред неколку години пејачката одлучи да се скраси и се омажи за сликарот Михаил Корубин со кого ужива во идиличниот брачен живот.
Каролина веќе подолго време често комуницира со своите фанови преку фотографии што ги објавува на Инстаграм.
И секогаш за секоја своја објава добива илјадници комплименти и коментари, што впрочем и не треба воопшто да не чуди бидејќи таа изгледа како и пред дваесет години кога беше во цутот на својата младост.
Карактеристично за Каролина е тоа што нема досега направено ниту една естетска корекција, па пејачката и денес плесни со својата харизма и природна убавина.
Таа исто така добива бројни пофалби и за своите модни изданија на социјалните мрежи, а на своите настапи речиси секогаш соработува и со македонските дизајнери што навистина е за секоја пофалба.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Што се однесува до нејзиниот љубовен живот, таа и во минатото многу ретко зборуваше за своите врски. Познато е дека беше во врска со Михаил Ражнатовиќ, синот на Жељко Ражнатовиќ Аркан, но и со уште неколку други момчиња за кои имаат пишувано медиумите.
Имено, и покрај тоа што многу ретко зборува за приватниот живот, медиумите отсекогаш се интересирале за нејзината емотивна страна.
Сепак, многумина ќе бидат изненадени кога Кролина во септември 2017 година ќе реши да заплови во брачните води со шест години помладиот сликар Михаил Корубин, со кого се запознаа за време на снимањето на нејзиниот албум „Избор“, како што самата раскажа во едно свое интервју. Тие направија несекојдневна свадба во еден воен хангар на аеродромот Петровец во Скопје, а нивните свадбени фотографии се уште се вирални и се вртат на социјалните мрежи.
Изгледа боженствено и во петтата деценија
Интересно за Каролина е и тоа што од самото појавување на музичката сцена важи за едноставна дама со стил која својата популарност не ја гради со скандали, а својот приватен живот успешно го држи цврсто во своите раце.
Токму затоа и навистина се ретки фотографиите на кои таа покажува „малку повеќе“, иако своевремено се има фотографирано и за првиот број на македонскиот Плejбoj што тогаш беше шок за сите.
Но оние што ја следат на Инстаграм знаат дека пејачката знае одвреме-навреме да ги почести фановите со фотографии на кои е во провокативни изданија, а некои од нив погледнете во продолжение. Посебно внимание привлече со оние кога позираше во костими за капење и сосема заслужено доби голем број комплименти на сметка на својата линија, а како познатата пејачка изгледаше и во ова свое издание, погледнете на крајот од галеријата.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева