Еве во каков рај ужива Цеца со својот сакан – погледнете, ова се НАЈРОМАНТИЧНИТЕ МОМЕНТИ на познатиот пар
Фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ во моментов се еден од најинтересните парови на сцената.
Јавноста будно го следи секој нивен чекор, а тие и двајцата не кријат колку се среќни кога се заедно.
И бидејќи Цеца е доста зафатена во последно време, тие решија да го поминат викендот сами, во природа.
Но наместо да изберат некој луксузен хотел, Цеца и нејзиниот партнер овој пат решија да заминат на еден малку поинаков одмор.
Имено, тие луксузот го заменија со преубава вила изградена во етно стил, во која можете да ги имате сите погодности како и во ексклузивните хотели. Но воедно можете да уживате во приватност и во мир, опкружени со прекрасна природа, нешто што го немате ни во најлуксузните хотели.
Покрај преубавата вила во етно стил, тие ќе можат да уживаат и во базенот, сигурни дека ништо нема да им ја наруши интимата.
Познатиот пар уживаше на овој имот што го изнајмија само за себе, а штом пристигнаа споделија и кадри од местото.
На располагање им е голема куќа во планински стил огромен двор, како и базен, а целото место е опкружено со природа.
Како изгледаше ова рајско место каде пејачката реши да ги наполни батериите со своето момче погледнете во продолжение.
Само да потсетиме, Цеца во една пригода на прашањето што и донесе љубовта со Богдан одговор.
„Сето она што на една жена може да и донесе врска со лице кое ве разбира и поддржува на сите животни полиња“.
„Тоа денес е реткост“, изјави таа.
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ