Реклама
Наши ѕвезди

Еве во каков однос е Димитровска со својот поранешен сопруг – МАНЕКЕНКАТА ПРВ ПАТ зборуваше отворено за разводот

Реклама

Познатата манекенка Данијела Димитровска прв пат јавно зборуваше за нејзиниот развод.

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Познатата манекенка прв пат јавно зборуваше за разводот и во каков однос е сега со поранешниот сопруг…

Даниела долги години беше во брак со водителот Огњен Амиџиќ, со кого пред четири месеци решија да се разведат. Таа сега прв пат јавно зборуваше за проблемите што довеле до крах во бракот, но и за тоа во каков однос е со водителот.

Даниела и Огњен беа во брак десет години и досега се немаат огласени во врска со разводот.

Маркетинг

Впрочем веста дека решиле да се разделат тие сами ја соопштија преку соопштение до јавноста, но тогаш и двајцата не сакаа да зборуваат на оваа тема пред медиумите.

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Сепак Даниела реши да ги прекине „молкот“, и во интервју за српскиот „Блиц“ откри дека е во коректен однос со нејзиниот поранешен сопруг, нешто што и на двајцата им е важно заради здравиот развој и воспитување на синот.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

„Гледаме меѓусебно да си даваме поддршка на тој некој нов пат. Ги преминуваме сите потешкотии“, откри манекенката за „Блиц“, а потоа додаде и дека најголема поддршка во овие моменти ја добива од својата помала сестра.

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

„Мислам дека Ивана е многу поубава од мене. Таа е онаа што се занимава со психологија. Кога имате таков мир и баланс, тогаш дополнително зрачите. Јас сум постара и затоа повеќе сум заштитнички настроена кон неа, но и таа на мене ми е голема поддршка. Ние сме многу различни“, изјави манекенката.

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Инаку, Даниела по разводот утеха пронајде во патувањата и дружбата со пријателите, а судејќи според нејзините објави на Инстаграм таа за кратко време успеа да ја врати насмевката на лицето и да го прави она што најмногу сака.

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Потсетуваме, Даниела во 2004 година победи на изборот на „Elite“ кога и се отворија вратите за светска кариера. И откако престана активно да се занимава со манекенство, таа остана во модата како директорка на агенцијата „Models Inc – Eite Model Look“, а во последно време поприлично е активна и со нејзините објави на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button