Е ова никој не го очекуваше од снаата на Брена – пејачката во едно од најпpoвокативните изданија досега, „гopи“ Инстаграм
Познатата пејачка во последно време се почесто игра на картата на женственоста.
Пејачката Александра Пријовиќ ги воодушеви сите со својата најнова фотографија на која можеме да ја видиме во малку поинакво издание од она што сме навикнати.
Имено, Пријовиќ позираше во фармерки и бела плетена блуска, која потсетува на боди, и по целата должина има отвори со кои во преден план го стави своето деколте.
Пејачката имаше украс и на главата и доби безброј пофалби на сметка на својот изглед.
Само да потсетиме, пејачката неодамна престојуваше на црногорското приморје со својот сопруг Филип Живојиновиќ од каде објави фотографии во костими за капење, на кои во центарот на вниманието е нејзиното тело.
Пејачката веќе со години ужива во складниот брак со Филип, заедно со нивниот син Александар.
Долго време се шпекулираше дека сопружниците не се во добар однос, но тие секогаш ваквите гласини ги демантираа со фотографии на кои се гледа колку се сакаат. Така беше и овој пат кога Филип објави една романтична фотографија на која тој и Александра се во прегратки во базен.
Фотографијата ги воодушеви сите и за кратко време имаше илјадници коментари и лајкови.
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ