Е ова е спектакл! Марија подготви вистинско изненадување – МАКЕДОНСКАТА Гранд ѕвезда повторно се надмина себеси!
Марија Груевска повторно ги изненади сите
Младата пејачка од Битола, Марија Груевска, која се прослави со своите екстравагантни настапи во „Ѕвездите на Гранд“, повторно успеа да се надмине себеси.
Таа својот профил на социјалните мрежи објави неколку фотографии на која е облечена во костум инспириран од Статуата на Слободата и ги воодушеви сите.
Таа во ова феноменално издание ќе настапи во полуфиналната вечер во популарното шоу, а како изгледаше погледнете во продолжение.
Марија и во претходните кругови никого не остави рамнодушен, како со својот беспрекорен глас, така и со необичните сценски настапи.
Прво ги шокираше сите кога во популарното шоу се појави со големата змија, а потоа и кога на сцената ја изнесоа две момчиња, а таа беше врзана.
Тогаш и беше инспирација Ханибал Лектор од култниот филм „Кога јагнињата ќе стивнат“, а жирито беше и повеќе од воодушевено.
„Ти си иднината на Ѕвездите на Гранд, ти благодарам за новата димензија на ова шоу“, и порача тогаш Мили.
Инаку, Марија во моментов важи за една од најголемите ѕвезди во шоуто, па големи се шансите и да победи.
Нејзиниот уметнички концепт, како што самата истакна, таа заедно со нејзиниот тим сака да ја претстави жената, но во едно поинакво и убаво светло. „Секоја жена заслужува простор и барем еден ден да биде луда“, изјави таа како гостинка во емисијата „Ѕвездите на Гранд Специјал“.
Што се однесува пак, до нејзиниот последен настап во полуфиналната вечер, која се уште не е емутивана во етерот, од фотографиите што Марија ги објавува на социјалните мрежи можеме да видиме уште едно нејзино интересно издание. Имено, покрај имитацијата на Статуата на слободата, таа се појави и во комбинација со „бициклистички“ и „оверсајз“ сако во кое блескаше.
Во прашање е тренд кој е апсолутен хит веќе неколку сезони, а меѓу првите го носеше Ким Кардашијан.
Но благодарение на сакото, односно на впечатливиот дезен, Марија и овој тренд го донесе на едно сосема ново ниво.
Шармантната битолчанка целото издание го заокружи со високи потпетици со змиски дезен и нејзината преубава фризура со нежни, осветлени локни.
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Принтскрин/ Гранд онлајн
Фото: Принтскрин/ Гранд онлајн
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска