Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов вљубени како и првиот ден – ПОГЛЕДНЕТЕ како парот го помина празникот на љубовта!
По турбуленциите, македонскиот популарен пар повторно ужива во љубовта.
Некогашната Мис Македонија, Дунавка Трифуновска и нејзиниот партнер, поранешниот директор на финансова полиција, Ване Цветанов се доста интригантни за македонската публика, која сака да го знае буквално секој нивен чекор.
Откако ја обелоденија нивната врска сите медиуми постојатно пишуваат за нив.
А, тие тоа го поттикнуваат со интересните фотографии, но и статуси кои си ги посверуваат еден на друг.
Дунавка вниманието го привлече уште од 2015 година кога ја претставуваше Македонија на Мис Интернационал.
Како убава и слободна жена, Дунавка постојано беше поврзувана со мажите со кои беше видена во јавност, но таа стави крај на сите шпекулации и конечно откри во кој е вљубена.
Иако врската на Ване и Дунавка е доста турбулентна, сепак тие успеаја да ги пребродат сите препреки.
И двајцата се активни на социјалните мрежи каде постојано споделуваат нивните заеднички фотографии.
„Некои приказни и некои луѓе се среќни и без бројки“, напиша Дунавка во опис на нивна заедничка фотографијата.
Иако многумина мислеа дека станува збор само за авантура која брзо ќе заврши, Ване и Дунавка го докажаа спротивното. Ване го повлече првиот чекор и ја запроси својата сакана.
Цветанов оваа вест ја објави на социјалните мрежи, во новогодишната честитка.
На еден од најубавите христијански празици, Прочка, Ване и Дунака заплови во брачните води.
По релативно кратко време од стапувањето во брак, Ване и Дунавка започнаа медиумска војна еден против друг, што беше вистинско изненадување за јавноста.
Според нивните објави на социјалните мрежи се чинеше дека големата љубов завршила и дека секој одлучил да тргне по својот пат. Парот си упати и индиректни навреди, а публиката беше вџашена.
Но, сепак љубовта победи.
Ване и Дунавка си дадоа втора шанса, а сега уживаат во својата љубов.
На Денот на вљубените или Валентајн тие споделија нова романтична фотографија со која воодушевија многумина.
Застанати покрај огромно срце од цвеќиња тие позираа бакнувајќи се и славејќи ја љубовта.
Парот обожава да патува, па и за убавиот празник заедно отидоа во Софија, Бугарија.
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуновска
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуновска
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуновска
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуновска
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуновска
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуновска
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуновска
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуновска
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуновска
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуновска
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуновска
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуновска
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуновска
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуновска
ФОТО: Инстаграм / Дунавка Трифуновска