Дракче и Орце прославија 40 години од брак – овие две убавици се нивното најголемо богатство
Познатиот македонски пар имаше прекрасна причина за славење.
Честитки не престануваат да пристигнуваат до Дракче и Орце.
Македонската водителка Дргица Стевовска Дракче 4 децении е во брак со пејачот Орце Стевковски.
ФОТО: Фејсбук / Драгица Стевковска Дракче
И двајцата се доста активни на јавната сцена и понатаму работат со полна пареа.
Својот мир го наоѓаат во својата куќа во скопското село Петровец, каде имаат прекрасен двор во кој Дракче одгледува многу цвеќиња.
ФОТО: Фејсбук / Драгица Стевковска Дракче
ФОТО: Фејсбук / Драгица Стевковска Дракче
Плод на нивната љубов се нивните две ќерки Ангелина и Александра.
На 15 мај 1984 година Драгица му го изговори судбоносното „да“ на Орце, а денес се побогати со 5 внучиња.
ФОТО: Фејсбук / Драгица Стевковска Дракче
По повод годишнината од бракот Дракче ја сподели нивната свадбена фотографија и јавно му ја честитше годишнината на Орце.
ФОТО: Фејсбук / Драгица Стевковска Дракче
На Фејсбук се огласи и ивната ќерка Ангелина која мора да се признае дека е копија на мама, додека Александра повеќе личи на својот татко.
„На моите најубави родители на мама и тато им ја честитам 40та -рубин годишнина во брак. Да сте ми живи и здрави, нека се множат. Прво златна па дијамантска“, напиша Ангелина.