Драгана Мирковиќ не жалеше пари, направи гала прослава за полнолетството на ќерката, ѝ ги исполни сите желби
Фолк пејачката Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ минатата недела го прославија полнолетството на ќерката Мануела на покривот на еден луксузен хотел во Виена.
Во таа прилика, се собрале околу 100 гости, а на менито нема што немало – разновидни топли и ладни предјадења, разни видови месо, риби и десерти, а покрај интернационална кујна имало и традиционални јадења од Србија и од Босна.
Гордите родители прославата ја организирале во склад со желбите и потребите на славеничката, а единствено нешто што нивната миленичка не знаела, е роденденскиот подарок кој ѝ го подготвија родителите. Овој пат тоа беше луксузен автомобил. Клучевите ѝ ги предале по сечењето на тортата и огнометот, а во него била вградена најмодерна опрема. Инаку, овој џип важи за еден од најбезбедните автомобили на светот, што на Драгана и на Тони им е многу важно.
Мануела, наведуваат домашните медиуми, пред роденденот на родителите им рекла дека не сака голема прослава, каква што во мај минатата година имал нејзиниот брат Марко. Од истата причина се откажале од свеченост во дворецот, иако познатата девојка сакала на ќерката да ѝ приредат гала прослава.
Се откажале од мегаломанска гозба, но организацијата во елитен хотел со мени и програма изгледала како нешто што може да парира на секоја богата прослава во светот. Кога ќе се земе во предвид дека Марко го доби истиот подарок како Мануела, јасно е дека популарната пејачка и бизнисмен не ги двојат своите деца по ништо.
Правило од кое не се откажаа уште од минатиот роденден беше дека присутните гости не смеат да објавуваат фотографии од прославата на социјалните мрежи, што секако било испочитувано од повеќето од нив.