Драгана Мирковиќ драстично ослабна – се пофали со новата линија од ЕКСКЛУЗИВНИОТ ХОТЕЛ во Дубаи во кој сé вреска од луксуз
На одморот од своите соништа
Познатата пејачка замина со семејството на одмор во Дубаи, од каде редовно објавува фотографии на социјалните мрежи.
Пејачката се снимаше и за време на авионскиот лет кога можевме да видиме како изгледа внатрешноста на авионот.
Голем шанк, послуга, потоа големи удобни седишта и простор украсен со цвеќиња се дел од атмосферата во авионот.
Насмевката на Драгана зборува колку таа е среќна заради ова патување со своите најблиски, а следната нејзината објава го покажа и луксузниот хотел.
Имено, Мирковиќ е воодушевена и од гостопримството и услугата во хотелот, па не го криеше задоволството.
Посебно беше изненадена од изненадувањето што и го приредија нејзиниот син Марко и ќерката Мануела.
„Она кога Марко и Мануела ќе не одведат на вечера 50 метри над земјата“, напиша Драгана под фотографијата.
Пејачката ги воодушеви своите фанови и со фотографијата на која позира во комбинезон во нежна розова нијанса. Од нејзините последни неколку објави на Инстаграм евидентно е дека ја донела својата линија до совршенство и дека планира да ужива во следните неколку дена.
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ