Драган Николиќ и Милена Дравиќ за ова молчеа цел живот: Целата своја заштеда му ја дадоа на едно момче кое го видоа на телевизија
Големите актерските легенди Драган Николиќ и Милена Дравиќ секогаш важеле за големи актери, но многу анегдоти за нив покажуваат дека биле големи како луѓе.
Имено, брачната двојка живеела скромен живот, се зборува дека уживале во мали нешто. Нивни пријатели и познаници велат дека биле широкогради и дека имале големо срце поради што станаа омилени меѓу публиката.
Еден настан од нивниот живот многумина не го знаат, а сведочи какви луѓе навистина биле.
Двојката во време на најголемата криза собирала пари за нов автомобил, стариот не можеле да го запалт, па често и го туркале. Кога си собрале парите тргнале да бараат замена за својот дотраен голд, по нагло се предомислиле. Видела на телевизија прилог за дете на кого му требале голема сума на пари за итна операција на очите.
– На нив им треба точно толку пари колку што ние имаме дома. Море што ќе ни е нов автомобил“, ѝ рекол Драган на Милена.
Се распрашале и сознале каде се наоѓа семејството на тоа дете. Кога дошол пријателот кој требало да ги однесе да купат автомобил, му рекле да ги вози до селото на детето. Набрзо се појавиле на вратата од домот на момчето и му ги дале парите потребни за операцијата, а родителите останале зачудени од оваа необична посета.
Актерската двојка никогаш не сакала да зборува за овој настан, но Милена Дравиќ своевремено потврди дека е точна.