Ти ме носеше во себе и ме чуваше девет месеци, Ти си мојата мајка, јас растев во тебе.
Ме донесе на овој свет, никогаш посилна, никогаш похрабра, убава, никогаш поубава, добра, најдобра, моја.Те гледам денес. Повторно ги правиш истите работи. Се трудиш да бидеш најдобра, толку многу се трудиш што веќе гледам како согоруваш во таа желба. Влечеш сила од уморното тело како утре да не ми требаш. Ќе се измориш, ќе се скршиш…
Често се смееш со сила, а знам дека понекогаш би плачела скриена во некој агол. Го гледам тоа во твоите очи. Го чувствувам преку допирот, драга мамо оди на фризер, прошетај сама, купи си нешто, … Тоа не значи дека си помалку пожртвуввна и дека не се грижиш за мене. Твојата среќа се пренесува на мене, како и твоето незадоволство.
Трчаш дома, трчаш во продавница, од работа, на пазар… Толку многу носиш на грбот верувајќи дека “најдобро можеш сама“ и дека мораш се. А не мораш. Нема да исчезне светот, ниту твојата љубов кон мене. Ќе ни биде добро на сите, ќе ни биде најдобро.Немој да бидеш тажна што ме возиш во позајмена количка, малку скршена, секогаш стигнувавме цели и на време. Немој да веруваш во приказни и совети што ќе ги слушаш. Верувај во мене. Во мојот сон, мојот апетит, мојата насмевка и плач. Мојот развој и движења. Немој да се споредуваш со мајките и нивните деца.
Немој да очајуваш ако кажувам само „мамо“, а другите деца веќе викаат „дај млеко“. Не ми го префрлај тоа. Немој да ме сакаш помалку поради тоа. Немој да се нервираш што пет месеци не си ме однела на море. Ќе дојде време, морето нема никаде да истече.Немој на другите да им завидуваш, бидејќи така ме учиш и мене на завист. НЕмој да бидеш несигурна, ќе ме направиш и мене несигурна. Потребна си ми силна и храбра, а не тажна и слаба. Не трпи многу работи поради мене, бидејќи на долги патеки тоа ќе те убие, тебе па и мене.
Може ќе си префлаш што немаш доволно пари за нов душек, голема соба, кола на батерии, кукла што пее, солена морска вода, свеж планински воздух, секој месец нови чевли, повеќе време, но единствено што јас ќе памтам е твојата љубов и сила. Не бројот на часови кои си ги поминала со мене, туку како си ги поминала.
Извор: Лоал магазин