Рецепти

Дома имате стар леб? Направете пудинг од кој сите ќе се воодушеват – совршен е за вечера и ужина

Пудинг од бајат леб - рецепт од кој сите ќе се воодушеват.

Реклама
Реклама

Овој необичен рецепт за пудинг од леб е совршен за вечера и ќе ги разбуди сите ваши сетила.

Лесно се прави, лесен и вкусен.

Потребно ви е:

Маркетинг

500 грама бајат леб

4 јајца

Маркетинг

0,5 литри млеко

200 грама шеќер

2 кесички ванилин шеќер

100 грама суво грозје

половина лажичка цимет

70 грама маргарин

ФОТО: Принтскрин / You Tube

Подготовка:

Лебот исечкајте го на кришки или коцки и наредете ги во огноотпорен сад. Јајцата изматете ги со шеќер и ванилин-шеќер, па додадете ги циметот, сувото грозје и млекото.

Со оваа течност прелијте го лебот и ставете го во фрижидер неколку часа.

ФОТО: Принтскрин / You Tube

Потоа одозгора ставете парчиња маргарин и печете околу 25 минути на 200 степени додека пудингот не порумени.

Eве еден начин како може да го подготвите овој пудинг:

https://youtube.com/shorts/Wt5vfBjP2dQ?si=Hjb2mnn0ysfldt8y

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button