Долги години живее во дијаспората, но татковината ѝ е во срцето: Познатата пејачка со емотивна објава за Македонија
Македонската пејачка со емотивна објава на Фејсбук, посветена на својата татковина.
Маријана Новачевска долги години живее и работи во далечната Австралија, но татковината ја носи во срцето.
Повеќе од 3 децении Маријана, заедно со своите две деца живее во Мелбурн.
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
Заедно со нејзината сестра близначка, Росана Сариќ Тодоровска беа најпознатото дуо во Македонија, кон крајот на 80-тите.
Двете сестри со безвременски глас ја освоија публиката уште веднаш штом се појавија на сцената.
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
Двете сестри уживаа огромна популарност, а ги испеаја и хитовите кои и денес се пеат и тоа од помладата публика.
По разводот со композиторот Тоде Новачевски, Маријана одлучи да замине од земјава и својата музичка кариера да ја стави на пауза.
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
Маријана е активна и на Фејсбук, па публиката има можност да види каде е и што прави.
Летово Маријана се врати во Македонија да ги посети најблиските, а се сретна и со многу свои колеги.
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
Секогаш кога има можност Маријана се враќа во својата татковина.
Македонија се сака со срце и со душа, каде и да си.
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
Велат, кога си далеку чувствуваш голема носталгија по својата земја, најблиските и животот таму.
Пејачката на својот Фејсбук профил ја сподели песната „Мојата татковина” од пејачот Давид Темелков, а во опис напиша:
„Давид Темелков.
Мојата Македонија.
Прекрасна изведба, зборовите кои ни се во срцето.
Ах, да можете, а не можете со мои очи да ја видите“.