„Треба да се засрами – прво доеше пред мојот сопруг, а потоа ме испрска со млекото!“
Жена на социјалните мрежи се пожали на една мајка која доела пред нејзиниот маж кому лесно може некој да му го „одземе вниманието“. Таа одлучи да и испрати лута порака. Иако веројатно очекуваше да добие поддршка од јавноста, доби потполно спротивно од она што го очекуваше.
„Оваа жена смета дека е соодветно да го дои своето бебе додека моето дете и маж ми на кој лесно можете да му го одвлечете вниманието седеа во близина. Не мислам дека така требаше да реагираш само затоа што ти реков да одиш на поинтимно место. Ти ми рече да прошетам и ме испрска со млекото од градите, а за тоа немаше никакви потреба. Се надевам дека ти е срам“ пишува таа.
Но корисниците на социјалните мрежи веднаш и возвратија, заземајќи ја страната на мајката што го доеше бебето.
„Нејзината реакција не е во ред, но зошто не треба да го храни своето бебе во јавност? И јас не би избирала зборови ако ми кажеше да се тргнам. Нешто не е во ред со луѓето што мислат дека е несоодветно да се види некој да дои“.
„Жено, си го добила баш она што си го заслужиле. Па следниот пат ако не ви се допаѓа, не гледајте. Ако не му веруваш на сопругот, тоа реши го со него. Ти ги прекрши нејзините права кога и се пожали, а не таа твоите“.
„Дали си сериозна?? Детето не треба да јаде, бидејќи на вашиот сопруг лесно може некој да му го одвлече вниманието? Зарем никогаш не видел гради? Можеби понекогаш треба да му ги покажеш твоите па во иднина туѓите нема да му го одвлекуваат вниманието. Ако е точно дека те испрскала, тоа, верувај, ми го разубави денот“ пишуваат револтираните корисници под коментарот на жената на социјалните мрежи.