Даниела Димитровска поранешната сопруга на водителот Огњен Амиџиќ не се огласи по повод бременоста на девојката на нејзиниот поранешен.
фото инстаграм/Данијела Димитровска
Иако многумина сметаа дека таа ке даде било каков коментар сепак тоа не се случи.
фото инстаграм/Oгњен Амиџиќ
Синот на Даниела и Огњен пред неколку дена тргна во петто одделение а поранешната манекенка истакна дека тоа бил многу емотивен момент за неа.
фото инстаграм/Данијела Димитровска
Огњен Амиџиќ наскоро ќе стане татко, бидејќи неговата девојка Мина Наумовиќ е бремена.
фото инстаграм/Данијела Димитровска
Мина е во третиот месец од бременоста , а идните родители не планирале да ја споделат веста барем уште еден месец но веќе кога јавноста дозна дека очекуваат принова тие ја потврдија убавата вест.
фото инстаграм/Oгњен Амиџиќ
Инаку, Огњен неодамна истакна дека едвај чека да стане татко по втор пат и дека се надева дека ќе биде девојче, бидејќи тоа е единственото нешто што му недостасува за да се чувствува исполнет и среќен.
фото инстаграм/Данијела Димитровска
– Искрено, навистина би го сакал тоа, мислам дека тоа е нешто што навистина ми недостасува. Ќе ме израдува потполно, ќе внесе нова димензија на сè – изјави Огњен.
фото инстаграм/Данијела Димитровска
Додека Огњен славеше дека ќе стане татко, неговата поранешна сопруга Данијела Димитровска се расплака.
фото инстаграм/Данијела Димитровска
Имено, Данијела сподели слика од синот Матија и во таа прилика истакна дека тоа бил многу емотивен момент за неа.
фото инстаграм/Данијела Димитровска
– И така… Денеска почнавме со петто одделение. Само ќе кажам дека ова ми беше толку емотивно што се расплакав од срце – напишала Даниела.