Реклама
Наши ѕвезди

Добра вест од Холивуд: Том Круз се жени, еве која е неговата избраничка

Реклама

Познатиот холивудски актер Том Круз, љубимец на публиката и бестрашен во своите акциони филмови, со години вешто го крие од јавноста својот емотивен живот.

Откако се разведе од актерката Кејти Хомс во 2012 година, ниту една своја љубовна партнерка не и ја претстави на јавноста, а сите информации беа само медиумски шпекулации. Никогаш немаше официјална потврда, така што неговиот љубовен живот остана мистерија се до сега кога се дозна дека се жени.

Многумина сметаат дека мистериозноста на неговиот живот е поради припадноста кон Сиентолошката црква, која има строги правила. Се тврдеше дека официјални лица од Сиентолошката црква организираат „аудиции“ за на 57-годишниот актер да му најдат соодветна сопруга. Но Круз го демантираше тоа.

Маркетинг

– Лаги во различна форма и натаму се лаги изречени само да се продаваат весниците, рече тогаш претставникот на Том Круз за медиуми.

https://www.instagram.com/p/B8sWTkLhfKj/?utm_source=ig_embed

Маркетинг

Се пишуваше и дека Кејти Холмс не е вистински избор за негова сопруга, туку дека Сиентолошката црква сакала актерот популарен по серијалот „Невозможна мисија“ да се ожени со младата актерка Назанин Бониади која и била нивен член. Сепак, таа брзо отпаднала како кандидат, зошто не укажувала должно почитување кој лидерите на црквата.

Актерката Рене Зелвегер станува член на Сиентолошката црква

Странските таблоиди пишуваат дека 51-годишната актерка е подготвена да стане член на Сиентолошката црква и тоа токму поради актерот со кој играше во филмот „Џери Мегваер“.

– Том секогаш и се допаѓаше, потврди извор близок до двојката, откривајќи како наводната нивна романса била под строга контрола на лидерот на сиентолозите.
– Сиентолошката црква од разводот се обидува да најде идеална партнерка за Том, која би била согласна да ѝ се придружи на нивната заедница, а Рене се покажала како идеален кандидат, вели извор и додава дека челниците на црквата веќе контактирале со актерката.

https://www.instagram.com/p/B8jWSsmjIRA/?utm_source=ig_embed

– Претставници на црквата веќе ја посетија Рене во нејзиниот дом во Лос Анџелес. Во таа прилика ѝ објасниле што значи да биде член на Сиентолошката црква.

Двојката се запозна на снимањето на филмот „Џери Мегваер“ далечната 1996 година, кога, како што истакнуваат таблоидите, пречка за нивната врска тогаш бил бракот на Том со Никол Киднам. Рене неодамна во интервју за магазинот „Венити Феар“ изјави дека Том за секој роден ден и испраќа подарок.

Сиентологијата е посилна од љубовта: Том Круз ја избриша ќерката од својот живот

Поради правилата на Сиентолошката црква тој со години не ја видел својата 14-годишна ќерка Сури, зошто нивната мајка Кејти е прогласена за „супресивна“ личност од страна на сиентолозите, а блискоста на мајката и ќерката може да претставува пречка за Том. ВО Црквата на сиентолозите „супресивна“ е онаа личност која ќе ја напушти оваа црква или говори против неа.

Поранешен член на Сиентолозите своевремено изјави за списанието „Нешнел Енкваер“ дека е можно Том да не ја гледа Сури зошто мисли дека Кејти нејзиното семејство зборуваат негативно за Сиентолозите, а според правилата на црквата ниту еден член не смее да биде во врска со личност кое наравило „супресивен“ акт.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button