Пејачот кој стана познат од српското шоу „Задруга“ добива закани по својот живот.
Атрактивниот пејач Слободан Радовановиќ неодамна призна дека има нова девојка, а со последните фотографии ги изненади своите обожавателки.Тој по завршување на Задруга 2, привлече големо внимание на себе.Покрај тоа што објави дека има нова девојка, неодамна објави и спотот за својата нова песна Тајни.
Слоба Радановиќ иако изнајмил обезбедување, е преплашен и на сите начини се обидува да ја смири ситуацијата.Новата девојка има маж, кој е наркобосот и живее во странство. Тој дознал за аферата на својата жена со пејачот и сега е подготвен да си го исчисти образот така што жестоко ќе му се одмазди на Радановиќ и ќе го научи чии жени не смее да ги носи во кревет, пишува Свет.
„Тој ја криеше девојката бидејќи е омажена за опасен криминалец, кој не смее да дојде во Србија поради проблеми со законот. Па сега добива закани преку сериозни луѓе од подземјето и брзо ја раскина врската иако е вљубен во жената“, раскажува изворот.