До кога ќе не грее есенското сонце, не чека ли голем студ и снег зимава? – еве што вели прогнозата за Македонија
Есента ни се погоди топла и сончева, радост за сите, но повозрасните велат дека колку подолго ќе траат есенските пријатни денови, толку ќе ни биде подолга студената пролет што не е добра вест за земјоделците.
Стравуваат да не фати снег кога природата ќе се разбуди по зимскиот сон, па да измрзнат расцутените градини и овоштарници.

Сепак, ако се суди според првичните метеоролошки прогнози за Македонија, не очекува топла и врнежлива зима.
До кога ќе не грее есенското сонце, велат до крајот на октомври, но и почетокот на ноември се очекува да биде топло и стабилно.
Минусни температури треба да очекуваме во втората половина од ноември, тогаш утринскитеќе бидат благо под нулата, а на планинските места ќе има врнежи од снег, а дожд ќе врне на понискитеместа. Дневната температура ќе стаса до десеттиот степен.

Додека во текот на целиот декември времето ќе биде влажно, нестабилно и проследено со врнежи од дожд. Во првата половина од месецот ќе се задржат позитивни температури, над нулата, а втората половина ќе донесе минусни утрински температури и можност за снег.
Новогодишната ноќ ќе биде врнежлива што ќе биде најава и за нестабилен и врнежлив јануари.

Наспроти овие наши прогнози европските метеролошки станици прогнозираат снежна зима во најстариот континент затоа што доаѓа сезоната на Ел Нињо поради промените во Тихиот Океан што е добра вест за сите што планираат да скијаат во европските зимски туристички центри.
Ел Нињо ќе донесе постудена и поснежна зима за многу делови на континентот.





