Директорката на Клиниката за кожни болести позитивна на КОВИД-19 едуцирала и деца како да се заштитат од коронавирусот
Директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Билјановска е позитивна на КОВИД-19.
Таа пред една недела се вратила од Италија и изминатите пет работни дена одела на работа. Филипче изрази разочараност од неодговорниот однос на заразената директорка.Таа ќе биде разрешена од функцијата, откако ќе завршат изборите, соопшти Филипче.
Во текот на викендов, диреккторката на Клиниката одржала и семинар на кој присуствувале 100-тина лица, и сите имаат препорака да бидат во домашна изолација. Слата каде е одржан семинарот е веќе дезинфицирана, исто како и Клиниката за дерматовенерологија.
193 лица се сместени во домашна изолација заради корона вирусот. Ваквиот непосреден и голем број на изолации е резултат на четвртиот пациент заболен од оваа болест, а тоа е лично директорката на Клиниката за кожни болести во Скопје.
Покрај овој семинар Билјановска минатата недела била присутна во скопското основно училиште „Братство“ каде била задолжена на децата да им направи едукација за заштита од коронавирусот. Оваа информација беше објавена на социјалните мрежи од страна на загрижен родител, по денешната информација во која беше потврдено присуство на вирусот кај директорката на оваа скопска клиника.
Досега многубројни доктори потврдија дека е многу тешко коронавирусот да го разликувате од сезонскиот грип затоа што симптомите се речиси исти.Коронавирусот предизвикува респираторни проблеми, треска, кашлање и краток здив.Главната разлика помеѓу коронавирусот и грипот е тоа што короната се развива постепено додека грипот настапува нагло.
Како што лекарите многупати досега објаснија, коронавирусот започнува со температура која е проследена со кашлица по што може да настапи чувство на губење на воздухот, кога најголемиот број пациенти и се јавувале на лекување.