Дејвид Бекам со фотографијата од неговата малолетна ќеркичка предизвика бура на Инстаграм – дали ова е нормално или не?
Дејвид Бекам е познат како посветен татко, но неодамна беше критикуван поради контроверзнa фотографија
Имено, познатиот фудбалер сподели фотографија на која се бакнува во уста со неговата седумгодишна ќерка.
„Божиќ доаѓа, ајде да одиме да лизгање “, напиша Бекам под неговата фотографија на која ја бакнува малата Харпер, па не требаше многу време да помине да се јави орда од незадоволните фанови, порачувајќи му дека овој потег во најмала рака изгледа чудно.
„Можеше да ја бакнеш во образ”, „Тоа не е ОК, татко да ја бакнува својата ќерка во устата “,„Ваквите фотографии само ќе ја повредат вашата ќерка”, се само дел од коментарите на револтираните обожаватели.
Се разбира, имаше и такви кои не гледаат ништо проблематично во спорната фотографија освен чин на чиста љубов помеѓу татко и ќерка, па застанаа во одбрана на 43-годишниот Бекам.
„Премногу е слатка”, „Прекрасен татко”, „Само перверзните гледаат во оваа фотографија проблем”, „Ако татко не смее да ја бакнува својата ќерка во уста, кој смее?“ напишаа оние кои мислат како познатиот Британец.
Само да потсетиме,ова не е прв пат Дејвид да предизвикува контроверзии во јавноста – тој веќе сподели слични фотографии на кои ја бакнува Харпер во устата, а потоа и тоа беше проследено со бурни реакции.
„Сите мои деца ги бакнувам во уста“ изјави Бекам тогаш во едно негово интервју, додавајќи дека тој и Викторија пораснале во семејства каде што таквите покажувања на нежности биле нормални и дека на тој начин само сакаат да им покажат на своите деца колку ги сакаат.
Што мислите за ова и дали ги бакнувате вашите деца во уста?